Sunday, September 23, 2007

Панцероти

Потребно:
  • 1 кг. брашно
  • 1 тазе квасец
  • 1 лажица сол
  • ½ филџан зејтин
  • вода по потреба

Фил (по желба):

  • Ајвар
  • Кашкавал
  • Шунка + кашкавал
  • Сирење
  • Кечап + сирење
  • Кечап+сирење+кисели краставички

Подготовка:

Се замесува брашното заедно со квасецот, водата и солта. Откако ќе се замести тестото се остава да нарасне 30 мин. Потоа се расукува тенка кора и со помош на калапи се сечат кругови со дијаметар 6 cm - 12 cm (во зависнот од големината на калапите.:) Доколку немате калапи може да се употреби чаша. Потоа круговите се преклопуваат. Панцеротите се пржат на загреано масло додека не добијат златно-жолта боја. Бидејќи се калорична бомба и многу мрсни пожелно е после пржењето да се стават на салфетка или хартија за да ја упие маснотијата.

Пред служење (јадење) добро е да се изренда кашкавал на пацеротите. Може да се конзумираат со јогурт, а некој ги сакаат со пиво.

Добар апетит!:)

1 comment:

Vladimir said...

Изгледа вкусно. Дали е навистина вкусно, останува допрва да видиме?

Од магичната кујна на госпоџа-брате Даниела. :)))