Sunday, September 9, 2007

Почетничка

Конечно уплатив за возачки испит.:) Се решив да возам со Tico откако разговор со неколку луѓе дека колата е мала и прегледна. Досега сум задоволна како поминуваат часовите по возење, ама најтоп момент ми се локациите на кој што возам:третиот час (втор пат на улица) возев на Бит пазар, четвртиот час на релација, Автокоманда, Маџари, Трубарево, Идризово па се до Р'жаничино и потоа назат до центар преку Долно лисиче, Драчево, Пинтија... Петиот час изгледаше вака: Топанско поле, Бутел, Радишани, Кучевиште, Мирковци, Побожје ... Следниот час сакам да возам на кај Марков манастир, Сопиште, Соње... Начелно инструкторот се сложи па останува да видиме дали ќе се реализира идејата.

П.С. Сликава е соодветна на текстот:) Нели?

1 comment:

AlekSS3 said...

Честитамо! И да положиш поскоро, и да возиш!!! :)